Во своето гостување во „Топ тема“, Горан Рафајловски кој е стопанственик искористи можност да го повика Собранието да се донесат законите потребни за спас на стопанството и економијата и оцени дека моменталната ситуација не ветува светлина на крајот од тунелот по пандемијата од Ковид 19.
„Никој од нас не гледа светлина на крајот од тунелот бидејќи немаме шанса да го закрепнеме стопанството. Ние не видовме ниту една сериозна мерка со која по Пандемијата би излегле ако не посилни, барем поспремни во рамки на економскиот статус на нашата земја. Го повикувам претседателот на Собранието, Џафери да разговара со сите пратеници, и час поскоро да се формира експертска влада, за да го сопреме театарот. Со тоа ќе се спречи оваа апатија и се поголемото заминување на младите од земјава. На стопанството им се потребни средства за да излезат од бездната. Ако сте под стрес за тоа со колкав број на вработени располагате, на и онака малите порачки и згуснатиот тајминг, покажува дека стопанството нема капацитет за во најмала рака да го задоволат и најмалите очекувања“, истакна Рафајловски.