Српскиот пасош му беше лично предаден денес од страна на шефот на државата, Александар Вучиќ, во зградата на белградското претседателство.
“Ние, Србите, сме среќни што те имаме наш пријател, а сега и сограѓанин”, рече Вучиќ.
Почесното српско државјанство му се дава на Фајнс, по иницијатива на Министерството за култура во Белград, како почит кон неговото креативно работење во земјата.
Во исто време, тој го задржува својот британски пасош. Fiennes првпат дојде во балканската земја во 2010 година за да го снима филмот Coriolanus од Вилијам Шекспир – неговото режисерско деби.
Британската ѕвезда во моментов игра во белградскиот филм за легендарниот руски балетан Рудолф Нуреев, кој живее и работи главно на Запад.