Рама: Албанија ќе добие 50.000 дози од Спутник V

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама денес изјавил дека е постигнат договор за испорака на 50.000 дози на вакцината „Спутник V“ во Албанија.

„Само што постигнавме договор за увоз на уште 50.000 дози Спутник V во рок од 10 дена“, напишаl Рама на својот Фејсбук профил.

Рама пред неколку дена соопшти дека 500.000 граѓани ќе бидат вакцинирани во таа земја до мај.

Тој рече дека процесот на вакцинација ќе се одвива без прекини и дека благодарение на вакцинацијата ќе се олесни туристичката сезона.

„Започнавме процес на масовна вакцинација и нема да запреме. Олеснувањето на туристичката сезона е остварлива цел и ќе ја постигнеме“, рекол Рама.

Досега 100.000 граѓани се вакцинирани во Албанија, јавуваат албанските медиуми.

Слични содржини