Рама до Радев: Вие Бугарите немојте да бидете толку Европејци, бидете малку Балканци

од Берта Китинска

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, што оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“ со порака до претседателот на Бугарија, Румен Радев да не бидат толку Европејци, туку да бидат малку Балканци и да го отворат патот.

-Сакам да ја искористам можноста и да му кажам на претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, не бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот за преговори со ЕУ, рече  премиер Еди Рама

Тој го праша „што се обидувате да спасат“ со ветото.

-Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да преговараме со нив, а потоа можете да бидете Балканци и да бидете цело време на патот и да кажете не – ние блокираме овде, блокираме таму, но, ве молам прво отворете го патот, додаде Рама во обраќањето.

Слични содржини