Рама ќе ги пречека Заев и Вучиќ во Тирана

од Nikola Popovski
301 прегледи

Премиерот Зоран Заев ќе престојува во Тирана на 20 и 21 декември.

Тој ќе учествува на средба со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ, како дел од иницијативата за регионална соработка наречена „Отворен Балкан“.

Меѓу другото, на оваа средба, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.