Рама му се заблагодари на Борисов за „кревање на бугарското вето“

од Nikola Popovski

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на Бугарското национално собрание за усвојување на францускиот предлог за решавање на спорот со С. Македонија. Рама информира дека имал телефонски разговор со лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов.

-Само што имав телефонски повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за неговата љубезна мисла да ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во кревањето на ветото во бугарскиот парламент! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ треба да дејствува брзо!, објави Рама на Твитер.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера го одби предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачката рамка на С. Македонија,  оценувајќи се додека е во ваква форма не може да биде прифатен од македонските власти.

Слични содржини