„Рама отиде во САД по вакцини, а купува патики“ (фото)

од Nikola Popovski

Рама пред неколку дена отпатува во САД да разговара со производителите на вакцини за нивно купување за Албанија, пренесува албанскиот портал „Панорама“. Сепак, поранешниот албански премиер Сали Бериша денес објави фотографии од премиерот Еди Рама во една од продавниците во Њујорк, како купува патики, со порака дека Рама е „пет дена во Њујорк поради вашата вакцина, но и поради шопинг за себе“.

Бериша на својот Твитер објавил фотографии на кои се гледа Рама во црно палто, шарена маска како пробува патики во трговски центар.

Минатата недела, Рама објави пост на истата социјална мрежа во која ја информираше јавноста дека патува во САД за да обезбеди вакцини против коронавирусот од американски производител.

Слични содржини