Рама прогласи победа во 50 од 61 општина, Бериша го обвини дека користел „бандити“

од Nikola Popovski

Во Албанија вчера се одржаа локални избори на кои Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, според првичните резултати, победи во три општини каде пребројувањето се вршеше по електронски пат – во Вора, Камза и Елбасан, јавуваат албанските медиуми.

Рама прогласи победа на својата партија во 50 општини, додека опозицијата триумфираше во 11 општини, пренесува „Albanian post“.

Еден од лидерите на опозициската коалиција „Заедно победуваме“, поранешниот претседател Сали Бериша, го обвини премиерот Рама дека користи „бандити за манипулирање со изборниот процес“.

„Рама направи се за да манипулира со резултатот. Кога ќе упаднете на гласачките места со насилници, тоа го правите за да го промените исходот. Кога поделувате десетици, да не речам стотици милиони евра… За два дена беа поделени стотици милиони на бандите и сето тоа беше направено со заштита на полицијата.

Што се однесува до службениците кои ги делеле парите, полицијата била рамнодушна“, го обвини Бериша Рама, пренесе „Балкан веб“.

На изборите учествуваа 144 кандидати за градоначалници и 23.762 кандидати за совети на општините.

Право на глас на вчерашните избори имаа 3.650.550 гласачи.

Слични содржини