Рама: Треба да и помогнеме на Италија со мигрантите, тоа е најмалку што можеме да направиме

од Vladimir Zorba

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека на Италија треба да и се помогне во проблемот со мигрантите и дека тоа е најмалку што официјална Тирана може да направи.

Одредени медиуми објавија дека Италијанската Демократска партија (ПД) има намера да побара Социјалистичката партија на Рама да биде исклучена од европската групација ПЕС, поради договорот со Владата на Италија според кој Албанија ќе биде домаќин на италијански центри за мигранти.

„Во весниците се прошири веста дека пријателите на италијанската ПД сакале да ме исфрлат од Европската социјалистичка партија, а потоа самите со задоцнување ја демантираа, но нагласувајќи дека договорот што Албанија го склучи со италијанската влада е сериозно погрешен по сите точки“, напиша Рама на социјалната мрежа Икс.

Слични содржини