Албанскиот премиер Еди Рама се огласи откако неговата шега за американскиот претседател Доналд Трамп стана вирална на социјалните мрежи.
Во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, Рама се потсмеваше на гафовите на Трамп, имено фактот дека тој неколку пати ја спомена Албанија додека се осврнуваше на Ерменија.
Снимката од неговата шега и разговор со Макрон и Алиев брзо стана популарна на социјалните мрежи, што го изнервира Рами, кој се огласи за вниманието што оваа снимка го доби во светските медиуми.
„Навистина е неверојатно како функционираат денешните медиуми и како таканаречената „виралност“ може толку лесно да ја искриви реалноста. Реченица изговорена во добра намера, во духот на пријателството, одеднаш станува глобален наслов на цел самит меѓу десетици земји, додека сè друго, она што е суштински важно, станува ирелевантно“, напиша Рама на X.
Тој додаде дека е „вистинско задоволство“ да се биде со Макрон и Алиев, кои ги нарече „драги пријатели“.
It is truly remarkable how today’s media operates, and how the so-called “virality” can so easily distort reality. A sentence spoken in good humor, in the spirit of friendship, suddenly turns into a worldwide headline of an entire summit among dozens of nations, while all the… pic.twitter.com/bzBjzMC7op
— Edi Rama (@ediramaal) October 2, 2025
„Беше задоволство да се потсетиме на пропустот на претседателот Трамп дека дури и Албанија успеа да постигне мир со Азербејџан, додека самиот Емануел работеше долго и неуморно за да донесе мир меѓу Азербејџан и Ерменија“, напиша тој.
Албанскиот премиер го нарече тоа „безопасна забелешка“ и „пријатен момент“.
„Секако, нема ништо лошо во тоа да се пренесе, но извртувањето во политички отров е едноставно неправедно“, рече Рама.
Тој додаде и пофалби за американскиот претседател.
„Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој го врати зборот „мир“ во вокабуларот на Западот по многу години. И да, за извонредно кратко време, тој постигна мир таму каде што другите се обидоа и не успеаја, и тој продолжува неуморно да се стреми кон него“, рече тој.
Тој додаде дека „тој момент не бил ништо повеќе од мал момент на добар хумор меѓу луѓето кои, всушност, се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“.