Рамадани не може да биде директор на МЕПСО во моментов, вели Ивановска

од Берта Китинска

Новиот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, не може во моментов да ја извршува функцијата за која е назначен, соопшти денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска

-Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја превземе новата функција, изјави Ивановска.

Рамадани на предлог на ДУИ минатиот месец беше назначен за претседател на Управниот одбор на МЕПСО на местото на Ева Шуклева.

Слични содржини