Рамадани за вакцините: Бугарија и Грција не се покажаа како солидарни

од Nikola Popovski
296 прегледи

„Тоа што ветуваше ЕУ преку Ковакс-системот, ние верувавме, затоа што претендираме да бидеме дел од тие нивни вредности“, вели политичкиот аналитичар, Исмет Рамадани за емисијата „24 анализа“, коментирајќи ја целата ситуација со имунизација на населението и денешната изјава на претседателот Пендаровски за вакцинацијата на нашите граѓани во Србија.

Според него, од друга страна меѓу првите кои ни ветуваа биле Бугарија и Грција кои велеа дека ќе се солидаризираат и ќе ни помогнат со вакцини.

„Ние верувавме и на тоа и за жал не добивме помош и од нив. Во време на пандемија и вакви здравствени ситуации нема место за странични коментари. Сепак, сметам дека луѓето кои се компетентни за ова, не се потрудија доволно“, потенцира Рамадани.

Слични содржини