Рангелова: Кога ќе дојде време ќе го кажам своето мислење за Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова смета дека пратениците кои се опфатени во случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство не требало да учествуваат во разговорите за Законот за Јавно обвинителство.

„Неспорно е дека ние кои сме опфатени во случаите од СЈО имаме пресумпција на невиност, но сметам дека не треба да дебатираме за тоа. Имам свое мислење, ќе го кажам кога ќе дојде време за гласање. Сепак, сакам да изразам жалење што колегите од ВМРО-ДПМНЕ, и независните и оние кои се во пратеничката група денеска учествуваат во самоуништување“, рече Рангелова.

А.Т.

Слични содржини