Мексиканскиот рапер и ѕвезда на Youtube Омер Палма Гутјерез, познат како QBA призна на полицијата дека со својата банда киднапирале и убиле, а потоа и ги уништиле телата на тројца студенти со киселина.

Гутјерез признал дека ги мачеле и ги убиле студентите на филмски студии Салоном Ачевес Гастелеум, Даниел Дијаз и Марко Авалос, а потоа нивните тела ги ставиле во киселина.
Студентите се киднапирани на 19 март во Гвадалахара додека работеле на филмски проект за факултет, но на локација која очигледно била под контрола на нарко-картел.
Поранешниот рапер вели дека примал 3.000 пезоси неделно (159 долари) за да работи за нарко-картелот Халиско Нова генерација, еден од најмоќните во Мексико во моментот, како и дека таму го уфрлил пријател пред три месеци.
Инаку тој има све одделни страници на фејсбук, со 140 илјади следбеници, канал на Youtube со 125.000 претплатници и спотови од неколку милиони прегледи.
Во песните кои носат назив како „Смртта не се закажува“, Гутјерез пее за насилство, оружје, дроги и секогаш со заканувачки тон.
Исто така, неговите авторски снимки прикажуваат сиромашни населби во кои повеќето малолетни момчињасе припадници на нарко-картел.