РАСТАТ ШАНСИТЕ ЗА ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Можен договор за воведување пасош за вакцинација за регионот

од Stefanija Kuzmanovska
898 прегледи

Веста дека Грција е подготвена да сноси 50 отсто од трошоците за задолжителни ПЦР тестови за сите туристи кои ова лето ќе се упатат кон Халкидики, ги развесели туристите кои се навикнати да летуваат таму.

Најавата засега е пристигната само од Здружението на хотелиери на Халкидики, но тоа е продолжение на иницијативата која беше покрената во август минатата година. Она што охрабрува е воведување пасош за вакцинација меѓу Грција и Израел, а како што јавуваат тамошните медиуми, не е исклучена можноста за сличен договор со балканските земји.

Дали туристичкиот сектор ќе има шанса да започне посериозно да се опоравува оваа сезона, секако ќе зависи пред се од епидемиолошката состојба.

Рестриктивните мерки сè уште се на сила во Грција.

Слични содржини