Расте бројот на новозаразени, нема починати пациенти во последните 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.264 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.

Регистрирани сe 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Кичево – 2 и Тетово, Струмица и Берово – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 4.264 тестови преку: ИЈЗ-96, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–17, ЦЈЗ Куманово–21, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-223, Биотек-166, Систина-103, лабораторија Лаор-443, Синлаб-49, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–6, Никоб лаб-905, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.880.

Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292.

Слични содржини