Загрижувачки се бројките што ги добивме за новозаразени со коронавирус во основните училишта и таму почнува скринингот на ученици за да се утврди реалната состојба, најавија од Комисијата за заразни болести.
Скринингот на избраните ученици ќе се врши во училиштата, за да родителите не се изложуваат на дополнителни обврски да ги носат децата во Центрите за јавно здравје.
-Почнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемна. Во средните училишта таква состојба нема, таму епидемиолошката состојба е стабилна. Но, загрижувачки се бројките што ги добивме од основните училишта и беа аларм да аплицираме скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата во основниоте училишта, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
После две години пандемија конечно јавно се објавени препораки за лекување на Ковид пациенти.
Запоставеното сопствено здравје од страна на граѓаните е причина на која се должи голем дел од високата смртност од коронавирусот во Македонија, кажа Петличковски. Тој рече дека е убеден дека сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19.
-Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, додаде Петличковски.
Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.