Секојдневно растат бројките на заболени лица со Ковид 19 во земјава.
Покрај Скопје епидемијата забрзано се шири во : Струмица 993, активни 560 Куманово 2333, активни 435 Штип 1715, активни 301 Прилеп 1376, активни 510 Тетово 2294, активни 609 Велес 816, активни 420 случаи.
Поради високито број на зарзени ќебиде обезбедено санитетско комбе за струмичката болница, информираше пратеникот на СДСМ од Струмица Костадин Костадинов, откако директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, вчера преку Фејсбук упати апел до граѓаните да донираат за да може да купат возило.
-Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница“, рече Костадинов.
Брзи тестови од денеска ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови
Министертсвото за здравство известува дека денеска ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.
„13 000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“ изјави министерот Венко Филипче.
Следува покачување на платите во здравството за 10%
Владата ќе обезбеди 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против КОВИД-19, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев.
„Состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата од КОВИД-19.Следната година следува покачување на платите во здравството за 10%. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40% повисоки од денес“, најави премиерот.
#НосамМаска
Кампањата, која ќе оди со слоганот #НосамМаска, е подржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери членови и поддржувачи.
– Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.
#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.