Рацинови средби и патека на мирот на Живко Цветин

од Vladimir Zorba
83 прегледи

   Уметникот Живко Поповски – Цветин денеска ќе ја продолжи цветната патека на мирот во чест на јубилејните 50. Рацинови средби.

Тој заедно со тројца ментори и девет ученици денеска од Железничката станица во Скопје со воз за Велес ќе ја продолжи цветната патека.

Цртежите кои ќе ги цртаат во возот ќе ги подарат на патниците и машиновозачот праќајќи порака за мир.

Тие ќе бидат пречекани од учесници на Рациновите средби во Велес.