Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска се наоѓа во групата Ц (по вчерашното извлекување на групите) заедно со европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора.
Натпреварите ќе се играат во Загреб, а во однос на групата македонскиот селектор Раул Гонзалез истакна дека е тешка и ќе има голема борба.