Авионот рано изутрината им пристигнал во руската престолнина
Во четвртокот САД најавија санкции против Русија поради нивното мешање за време на американските претседателски избори и наредија да бидат протерани 35 руски дипломати. Властите утврдиле дека тие интервенирале во корист на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Во одговор на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе преземе адекватни одмазднички мерки. Рускиот претседател Владимир Путин, сепак најави дека нема да бркаат американските дипломати од Москва.
Во меѓувреме Владимир Путин ги покани децата на истераните дипломати на новогодишно прослава во Кремљ.