Реакција: Ивица Коневски ми се закани со лична тужба за фотомонтирана слика од билборд !

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Писмо реакција од Боби Илиевски кое во рубриката граѓански го објавуваме во целост:

Почитувани уредници и новинари,

Ве известувам дека Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски ми се закани со лична тужба за фотомонтирана слика од билборд ,објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Гоподинот Коневски од мене побара јавно извинување, повлекување на плакатот објавен на мојот личен профил, во спротивно се закани со тужба за сторена навреда и клевета. Да известам дека, Барањето на градоначалникот Коневски го добив на домашна адреса.

Оттука го поставувам прашањето, Дали градоначалникот Коневски ме следи и од каде му е на располагање  адресата на место на живеење?

Сакам да потсетам дека градоначалникот Коневски како и останатите јавни личности и носители на јавна функција е изложен на јавна критика од граѓаните. Како и останатите социјални мрежи така и Фејсбук на која јас имам личен профил се преплавени со критики, фотомонтирани видеа и фотографии за сите кандидати вклучени во кампањата за престојните локални избори.

Господинот Коневски го спречува моето право на слобода на говор и јавно изразување, независно што содржината на моето излагање не му се допаѓа.

Моето прашање е следно, Дали Ивица Коневски ги тужи сите лица кои имаат објавено било каква сатирична содржина за него, или ова е упатено лично за мене?

Господине Коневски ве замолувам да ги отповикате личностите кои неколку дена по ред ме следат и од кои најверојатно сте ја добиле мојата домашна адреса, во спротивно јас ви најавувам тужба за незаконско следење.

Почитувани колеги, ве замолувам да ја објавите мојата реакција. Во attach ви ја доставувам оригиналната слика и фотомонтираната која е објавена на мојот личен профил, како и Барањето за јавно извинување од градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.

 

Со почит,

Ваш поранешен колега, Боби Илиевски