Реакција на новинарот Мухамед Зекири член на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во паника и параноја

од Vladimir Zorba
116 прегледи

muhamed-zekiri

На својот фејсбук-профил Мухамед Зекири, поранешен новинар, а сега член на Централниот одбор на СДСМ одговори на нападите на порталите блиски ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

– Обидите на режимските портали на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за моја дискредитација и фактот што сум следен во чекор и ме фотографираат, каде и да се движам – покажуваат само во каква паника и параноја се политичките противници, напиша .

– Македонија и нејзините граѓани ќе дишат слободно, на криминалците и режимот им доаѓа крајот, посочиува Зекири.

Денеска неколку портали објавија дека Зекири, како новопечен висок функционер на СДСМ, деновиве престојувал на Косово „во функција на ангажирање на криминалци и насилници во предизборниот период за притисоци и заплашување на албанскиот електорат“.

Според овие портали, Зекири се сретнал со лица од криминалното подземје на Косово, а кои поради нивните криминални и насилни активности  се познати и на македонската јавност. Во Генерал Јанковиќ Зекири, според порталите, имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Вила Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија.