Екипата на Реал Мадрид запиша сигурна победа во првиот меч од 1/16 финалето на шпанскиот Куп на кралевите, а „мадриѓаните“ на гостувањето кај Мелила триумфираа со 0:4.

Реал неодамна остана без тренерот Хулен Лопетеги кој по низата лоши резултати доби откз, а екипата синоќа на првиот меч од шпанскиот куп ја водеше поранешниот играч на клубот Сантијаго Солари кој ќе биде привремена опција на клупата на „кралскиот клуб“.
По лошиот почеток на натпреварот, Реал стигна до водство во 28. минута кога Бензема од неколку метри ја упати топката во празната мрежа на домашната екипа, а Асенсио во последните минути од првото полувреме го постигна и вториот гол за Реал.
Одриозола зголеми на 0:3 во 79-та минута, а конечните 0:4 ги постави Гонзалес во 92-та минута.
https://www.youtube.com/watch?v=7o4IqWOvLdQ