Реал најде замена за Рамос

од desk2
131 прегледи

Раководството на Реал Мадрид има намера да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“ дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Според АС, “кралскиот клуб” го смета 27-годишниот Холанѓанец како замена за бранителот Серхио Рамос, кој може да си замине поради несогласувањата со претседателот Флорентино Перез.

За потсетување, Ван Дајк дојде во Ливерпул во јануари 2018 година, потпишувајќи 5-годишен договор. Трансферот изнесуваше 75 милиони фунти.

Оваа сезона, Ван Дајк одигра 56 натпревари, постигна девет гоал и оствари четири асистенции.