
После ова станува речиси сигурно дека Хамес ќе го напушти Реал до крајот на преодниот рок, бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од него.
Во шпанските медиуми долго време се пишува за неговото заминување за Наполи, но по се изгледа Родригес го избрал Атлетико за клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.
Се разбира, од управата на Реал се спротивставија на таквиот трансфер, но бидејќи Хамес не сака да оди во некој друг клуб, ќе мора да му дозволат да оди кај градските ривали.