Рецепт за брза чоколадна торта

од Stefanija Kuzmanovska

Десерт кој се подготвува за дваесет минути.

Состојки:

– 2 јајца

– 50 гр какао

– 150 гр брашно

– малку сол

– 1 лажичка прашок за пециво

– 70 гр шеќер

– 6 лажички масло

– 50 мл млеко

– половина лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете ги течните состојки и сè убаво измешајте.

Смесата се става во помал калап за торти и се пече 20 минути на 180 степени.

Доколку сакате да ја декорирате тортата, брзо и ефикасно решение ќе бидат растопената чоколада или шеќер во прав.

Слични содржини