163
Министерството за внатрешни работи информира дека од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење.
„Во текот на изминатото деноноќие (26/27.03.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението.