Според последното истражување на бирото за анкети “Ифоп” помалку од 30% од француските три милиони муслимани го негираат секуларниот карактер на законите на земјата, пренесува Reuters, повикувајќи се на локални медиуми.

На прашањето дали го сметаат шеријатот за повеќе важен од законите на Франција, 29% од анкетата одговориле позитивно. Според истражувањето околу 20% од возрасните мажи муслимани и 28% од жените се произнеле во корист на бурката. Други 60% изјавиле дека го поддржуваат тоа девојките и жените да носат шамии во училиштата и универзитетите, што е забрането од световните закони на Франција.
Според истражувањето на “Ифоп” муслиманите сочинуваат 5,6% од населението на земјата над 15-годишна возраст. Истражувањето беше спроведено помеѓу 13 април и 23 мај оваа година меѓу 1029 француски муслимани.