Реџепи се повлекува од функцијата координатор на Алијанса и Алтернатива

од Nikola Popovski
438 прегледи

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд информира на социјалните мрежи дека утре се повлекува од улогата координатор на пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Северна Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците, се вели во објавата на Реџепи.

Тој потенцира дека неговите понатамошни дејствувања како пратеник на Алтернатива ќе бидат утврдени согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.

-Почит до сите пратеници од коалицијата и благодарен сум на вас за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи, истакнува Реџепи.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денес во Клубот на пратеници потпиша договор со премиерот Зоран Заев, според кој, неговата партија ќе биде дел од Владата и од актуелното парламентарно мнозинство.

Како што информираа двајцата лидери, Алтернатива ќе ги води министерството за здравство, министерство информатичко општество и министерство без ресор задолжено за дијаспората. Партија ќе добие и заменици министери во МОН, министерството за култура, а за третиот ресор се дискутира. Алтернатива ќе ги води и МЕПСО, Фонд за здравство, железници, Клиничкиот центар Тетово и Агенцијата за странски инвестиции.

Слични содржини