Редовните читатели живеат подолго

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Добра вест за луѓето кои редовно читаат книги – научници открија дека тие повеќе живеат во споредба со оние кои не читаат воопшто.

Истражувањето е спроведено меѓу 3635 лица над 50-годишна возраст. Научниците утврдиле дека луѓето кои читаат околу три и пол часа неделно ги зголемуваат шансите за долговечност со 17%. Оние кои читаат повеќе од ова ги зголемуваат шансите за 23%.

2111150104

Утврдено е дека редовните читатели живеат со околу две години повеќе од оние кои не читаат воопшто.

Редовното читање на книги влијае на многу аспекти од нашите животи, поврзани со нашата долговечност. Тоа ја подобрува економската состојба на семејството и психичкото здравје на луѓето.

Претходните истражувања во областа покажуваат дека децата кои имаат пристап до повеќе книги, очекуваат поголеми приходи од своите родители. Децата кои читаат се повеќе склони да го продолжат своето образование, отколку оние кои воопшто не читаат.

Друга студија открива дека 48% од британските затвореници не можат да читаат многу , што директно ги поврзува криминалността со неписменоста.