Причината за 6 отсто од смртните случаи во светот е алкохолот, вели Светската здравствена организација (СЗО).
Најчесто смртта е предизвикана од алкохолна цироза на црниот дроб. Половина од случаите на цироза на црниот дроб се поврзани со алкохолот, тврди Deccan Chronicle.
Истражувачите анализирале извештај на СЗО за алкохолот и здравјето во 193 држави.Излегува дека редовната консумација на алкохол, иако во мали дози, го зголемува ризикот од цироза за 11,13 проценти. Токму поради редовната консумација доаѓа до злоупотреба на алкохолот. Под „злоупотреба“ истражувачите имаат предвид консумација на една пијачка за жените и до две пијачки за мажите.
Претходните истражувања покажаа дека ризикот од цироза зависи од количеството алкохол, испиено од човек за една година. Специјалистите сметаат дека редовната консумација на алкохол го зголемува многу повеќе ризикот. Затоа тие препорачуваат да не се злоупотребуваат алкохолни пијалоци.