Регистрирани 423 прекршоци за неносење маска

од Берта Китинска
123 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа поради ненеосење лична заштита биле санкционирани 423 лица.


– Во текот на изминатото деноноќие (21/22.07.2020 година) на територијата на нашата земја по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 423 прекршоци – стои во соопштението од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.

Слични содржини