Регистрирани нови 10 случаи на Ковид 19 во тетовскиот регион

од Берта Китинска
221 прегледи

Во шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје во Тетово денеска регистрира 10 нови случаи со Ковид-19.

-Од вкупно 10 нови случаи на заболени од коронавирус, шест се жители во рамки на општина Тетово, двајца се жители во населените места при општина Брвеница и по еден има во општините Теарце и Јегуновце, информираше Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово

За поединците кои не ги почитуваат протоколите за превенција од ширење на коронавирусот полицијата изрече 24 нови казни.

– Изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба и овие 24 лица треба да платат 20 евра поради неносење на заштитни маски за лице, соопштија од СВР Тетово.
Полицијата не констатирала прекршоци кај 247 луѓе во тетовско кои се контролирани дали се придржуваат до решенијата за изолација дома издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.