„Рекет“: Боки имаше 135, а сакаше да има 70 килограми

од Берта Китинска
246 прегледи

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот “Рекет” каде што сведочат уште двајца сведоци предложени од одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13.

Одбраната на Јовановски има девет сведоци, а поранешната шефица на СЈО Катица Јанева предложила 13 сведоци, меѓу кои се има обвинители што работеа во СЈО.

Прв сведок е Тони Јосифовски, хирург во приватната клиника Систина.

Докторот Јосифовски во сведочењето истакна дека Бојан Јовановски го познава две години.

“На Бојан му извршивме две интервенции, за намулување на килажата. Првата операција беше пред две години, а втората операција која беше естетска се случи пред година и пол. Бојан од првата операција беше задоволен по што им предложи да се оперираат и други лица. Тој со операцијата сакаше да дојде до 70 килограми, а во моментот кога дојде имаше 135 килограми”, истакна докторот Јосифовски.

Тој потврди дека го познава Зоран Милевски и дека со Катица Јанева разговарал само околу нејзина операција.

“Одредени преврски на Бојан сум му правел дома и во домот на Орце Камчев бидејќи не сакаше да дојде во болница”, истакна сведокот.

Тој појасни дека кога доаѓал во домот на Камчеви, многу пати ги затекнал заедно Бојан и Орце.

И.Р

Слични содржини