Рекорден број од 92 земји се приклучија на Оскарите за најдобар филм за странски јазик, објави Американската академија за филмски уметности и науки.
Меѓу натпреварувачите кои предизвикаа врева околу себе е филмот на Анџелина Џоли “Прво тие го убија татко ми” од Камбоџа, францускиот “BPM (Beats Per Minute)”, “The Insult” од Либан и “Thelma” на Јоаким Трир од Норвешка.
Шведската сатира “The Square” на режисерот Рубен Остлунд беше изненадувачки победник на филмски фестивал во Кан оваа година и, исто така, е меѓу номинираните.
За прв пат со свои филмови учествуваат Хаити ( “Ayiti Mon Amour”), Лаос ( “Dearest Sister”) и Сирија ( “Little Gandhi”).
Минатогодишниот добитник на наградата за најдобар странски филм отиде кај иранскиот режисер Асгар Фархад за “The Salesman”.
Македонија не кандидираше свој филм годинава.
Номинациите за 90-те награди “Оскар” ќе бидат објавени на 23 јануари, а церемонијата на врачување на статуетки ќе се одржи на 4-ти март.