Рекордот на Лазаров останува сон за Хансен

од desk2
124 прегледи

И по Светското првенство во Германија и Данска, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров останува најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување со 92 погодоци.


Иако пред три дена беше повеќе од јасно, сега е официјално. Кирил Лазаров останува рекордер по бројот на голови на едно Светско првенство. Капитенот на македонската репрезентација на Мундијалот 2009 година во Хрватска стигна до 92 погодоци, остварување за кое може да сонуваат големите ѕвезди.

Нашиот „бомбардер“ и во следните две години ќе биде сопственик на овој рекорд, поточно до 2021 година за кога е закажан следниот светски собир, а домаќин е Египет.

На ова СП прв стрелец е Микел Хансен кој застана на бројката 72 голa и со својата репрезентација го освои златниот медал, додека Лазаров заврши на шестото место на оваа Топ-листа со 48 погодоци./Sport