Ректорот Јанкуловски се огради од ставовите на нивниот професор Ванковска

од desk4
103 прегледи

Ванковска за своите написи на Фејсбук кои придизвикаа реакција на гнасење и згрозување, предизвика реакција и  на  ректорот на УКИМ

 

Во дописот тој се оградува и од изјавата на професорката од Правниот факултет Билјана Ванковска бидејќи, како што вели,  во врска со нејзината изјава вчера во медиумите и на социјалните мрежи бил повикуван и споменуван УКИМ. Притоа додава и дека Скопскиот универзитет  секогаш ја поддржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење.

-Не навлегувајќи во правните квалификации на изјавата на професорката, за што се надлежни други институции, од етички причини чувствувам должност да се оградам од изјавата на проф. д-р Билјана Ванковска. Како човек остро осудувам секакви изјави кои алудираат на нетрпеливост и нетолеранција и создаваат чувство на омраза. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ секогаш ја подржувал слободата и правото на секој професор и студент слободно да мисли и да го изразува своето мислење, пишува Јанкуловски