314
Јас сум задоволна од денешната одлука. Повеќе од две години и физички, психички и емотивно поминав низ процесот и барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите, и да дадам повеќе образложение за некое прашање. Премногу зборував за случајот и мислам дека денешното укажување на судот треба сериозно да се размисли, изјави поранешната пратеничка Фросина Ременски која доби ослободителна пресуда за случајот „Меѓународен сојуз“.
Таа побара од новинарите разбирање за нејзината состојба.
-Да си ги средам малку емоциите од овој долг и измачувачки процес и стојам на располагање за сите прашања и одговори што ќе имате, кажа Ременски на излегување од Кривичниот суд во Скопје.