Ременски именувана за конзул во Венеција

од Nikola Popovski

На 13-ти февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.

Потписник на оваа одлука е вицепремиерот на Владата, Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски од политичките функции, покрај пратеничката, ја извршуваше и функцијата потпретседател на Собранието. Шест години беше еден од потпретседателите на СДСМ, а ја извршуваше и функцијата министер за труд и социјална политика. Редовен професор е на Факултетот за безбедност – Скопје.

Слични содржини