Собранието секогаш било во фокус на партиското внимание, кога се работело за одредени владини политики. Секогаш се фрла топката во Собранието и се напаѓале пратениците за одредени начини на нивно поведение и тоа прераснувало во континуирана политика. Прашањето на однесување на пратениците не е од вчера. Многу години наназад Собранието се обидело да се регулира во рамки на примерно однесување на пратениците. моралните аспекти секогаш имаат две страни. Ниту за радост, ниту за кавга не може човек да бидам единствен, туку мора двајца. Мене ми е нејасно за што станува збор, но доколку се работи за комуникација со припадници на собраниските служби, ме чуди исклученоста на генералниот секретар на Собранието. Тој е во коресподенција за начинот на извршување на задачите на службите, појаснува поранешната пратеничка и заменик-претседателка на Собранието, Фросина Ременски за снимката со претседателот на Собранието, Талат Џафери и неговиот однос со вработените.
Според неа, во случајов Џафери сам се стави во фокусот.
-Прилично ми е индикативно како одредени снимки во рамки на Собранието стигнуваат до јавноста. Опозицијата ќе каже дека тоа е прашање од јавен интерес, но мислам таквата комуникација секој ден може да излегува. Како сега Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе се постави во целата ситуација. Сега имаме и интерпелација на спикерот. Треба да се види како ќе функционира механизмот кога спикерот е вклучен во ова, рече Ременски во емисијата „24 анализа“.