Ременски: Лажните дојави за бомби се тероризам

од Nikola Popovski
252 прегледи

Ова што го гледавме изминатите денови со дојавите за бомби, полицијата не може да ги третира како лажни бидејќи мора да се провери за да се провери за да се отстрани секој сомнеж. Една од целите да се постигне стравот и паниката кај населението и тоа е исполнување на кривичното дело – тероризам, особено упатување на пораките преку електронска пошта, вели универзитетската професорка Фросина Ременски за лажните дојави за бомби во неколку средни училишта во Скопје.

Според неа, се оди на емоционална точка во која што секој родител е загрижен за своето дете.

-Целта е дефинитивно дефокус од одредени прашања кои што во моментов бараат соодветно внимание. Можно е да се искористат и за делување на криминални структури заради дефокусот на безбедносните структури во расчистување на овие ситуации. Јас не би се радувала на ова често дојавување и потврдување на лажноста на овие дојави затоа што во јавноста ќе се создаде чувство на неверување, на примање на овие информации како повторно лажно, рече Ременски во емисијата „24 отворено“.

Слични содржини