Ременски влегува во трката за претседател на СДСМ

од Берта Китинска

Фросина Ременски денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

-Согласно правилникот и роковите ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ очекувам во следниот период да се утврдат кандидатите и да се почнат активностите пред членството.Се одлучив на ова со оглед на мојот активизам, во денови и време кога СДСМ беше во тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се трудевме да го одржиме и единството во партијата, кажа Ременски.

Таа вели дека ја очекува поддршката од своите колешки во партијата.

Воедно актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска официјално ќе ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.

„Денес официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата, по што во 12:30 часот ќе дадам изјава пред главниот влез“, се вели во соопштението на Ковачевски.

Слични содржини