Поранешната пратеничка и министерка Фросина Ременски смета дека сериозен е предизвикот пред пратениците околу евентуалното отворање на Уставот за внесување на бугарското малцинство во земјава.
-Во овој собраниски состав очекувам да се случат уставни измени. Се што е во границите на законот е дозволено и легитимно. Во секој случај пратеникот е индивидуа и тој треба да оценува за начинот како ќе гласа и работи во Собранието. Политичките партии имаат доктрина и стратегија, но има и во самите партии разногласие по одредени прашања. Имало пратеници кои не се согласувале, и јас не сум согласувала, и сега индивидуалното преговарање со секој пратеник би бил еден можен начин за добивање на онаа бројка за уставните измени, но се што е во рамките на законот, рече Ременски во емисијата „Жешко политичко лето“.
-Секогаш кога се отвора Уставот, не може да остане само на едно решение. Така било порано, така ќе биде и сега. Ова отворање на Уставот треба да се искористи за подобрување на уставни решенија кои се недоречени, додаде Ременски.