Ременски за Русковска: Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“

од Vladimir Zorba

„Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го во предвид законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели професорката Фросина Ременски за „Click21“.

Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител ги содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“, посочува Ременски.

Слични содржини