На својот домашен саем за автомобил во Париз, „Renault“ го покажа луксузниот беспилотен „EZ-Ultimo“. Според дизајнот на производителот, хотелите или авиокомпаниите би можеле да го обезбедат овој тип на транспорт на своите клиенти.

2018 – EZ-ULTIMO
Се разбира, „EZ-Ultimo“ е се уште само концепт – тој ја завршува тројката од прототипови, развиени од француската марка за демонстрација на иднината на градскиот јавен транспорт. Во март „Renault“ го претстави роботскиот автомобил „EZ-Go“, кој е наменет за „каршеринг“ и за такси, а во септември Французите го зголемија семејството на беспилотни автомобили со „EZ-Pro“ за испорака на товар.
„EZ-Ultimo“, сепак, цели кон сосема поинаква публика – клиенти на скапи хотели, одморалишта и авиокомпании.
Должината на превозното средство е 5,7 метри, а ширината е 2,2 метри. За споредба, кај новиот „Rolls-Royce Phantom“ овие бројки се соодветно 5,76 и 2 метри. Во кабината на „Renault EZ-Ultimo“ може да се влезе преку широка автоматска врата на десната страна. Внатре има софа и фрижидер, а се користи мермер, кожа и дрво.
„Renault EZ-Ultimo“ има комплетна шасија и само еден мотор монтиран на предната оска. Моќта на концептот и неговата километража не се споменуваат. Автопилотот е четврто ниво од петте можни. Тоа значи дека во некои случаи може да бара вмешаност на човек, за што во прототипот се оставени шофершајбната и екран наместо вообичаените уреди.
Како што е наведено неодамна, компанијата планира да лансира автономни автомобили на пазарот во 2022-та година Сепак, од „Renault“ не прецизираа кој од трите прикажани досега прототипи од серијата „EZ“ ќе биде првиот пуштен во сериско производство.