Рено: Хонда е закана, но не повеќе од останатите

од Vladimir Zorba

Шефот на Рено, Сирил Абитбул не верува дека Хонда ќе продолжат да забележуваат таков напредок каков што имаа во 2018. Според Французинот, стратегијата на јапонската компанија минатата година била да користат колку сакаат мотори, а Торо Росо, поконкретно, користеле осум на болид. По правило, секој има право на три мотори, а потоа се наметнуваат казни.

„Нивниот пристап ќе се промени сам по себе, ако секоја година започнат да добиваат по пет казни за моторот во сезоната“, рече Абитбул.

„Во Торо Росо никој не се вознемирува, ако се случи нешто такво, но во Ред Бул очекувам да се појави бура, што ќе ги ослаби“.

„Ако сакаат да се придржуваат кон правилата, тие имаат две-три можности во сезоната да го подобрат моторот. Исто како нас. Казните за промена на мотор се голема пречка за освојување на поени, па ние не сакаме да ризикуваме“.

„Хонда е закана на некој начин, но не повеќе од останатите. Очекувам опасноста да се намали со текот на времето, а јас верувам дека ние напреднавме многу во зима“.

Увереноста на Абитбул се дели од страна на извршниот директор на Рено, Марсен Будковски кој директно изјави дека Ред Бул се плаши од нив. Тој ги оправдуваше зборовите со фактот дека Ред Бул не дозволил Рикардо да тестира со својот нов тим минатата година во Абу Даби.

„Разочарани сме што не можевме да го слушнеме мислењето на Рикардо за минатогодишниот автомобил, бидејќи требаше да ни е од голема корист. Фактот дека тоа не се случи, е комплимент за нас, бидејќи значи дека некои луѓе се плашат од нас, и тие не сакаат да ни дадат нешто што би можело да биде конкурентна предност“, вели Будковски.

Слични содржини