Скопје со 856 и Куманово со 377 лица, се наоѓаат на врвот на листатадодека пак без регистрирани активни случаи се градовите Ресен и Крушево.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 14.293.
Додека Дебар и Кичево се без новозаразени во последните 24 часа, Делчево со десет нови случаи е меѓу градовите со најмногу заразени.
Во Кичево вчера не се регистрирани нови заразени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 остана на 269 лица, од кои 70 се активни, 187 се излекувани и 12 лица се починати.
Без новозаразени во последното деноноќие е и Дебар, каде моментно активни на болеста се 84 лица.
Со десет нови случаи Делчево е меѓу градовите со најмногу заразени од Ковид-19. Новите случаи како што информираа од делчевскиот здравствен дом се резултат на претходните тестирања и веќе познатите кластери.
Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово, 39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.