Неколку месеци пред ослободувањето на Аушвиц во јануари 1945 година, Евреинот Марсел Наџари тајно ги запишал сите хорори на кои присуствувал во тој логор. Неодамна прв пат беше откриена мистеријата.

Наџари писмото го ставил во термос кој потоа го ставил во кожна торба и го закопал под земја. Ракописот неодамна е реставриран и објавен.
Историчарот Павел Полијан изјави за Дојче Веле дека на територијата на Аушвиц до сега се пронајдени вкупно девет закопани документи, кои ги опишува како најзначајни пишани сведоштва за холокаустот.
Ги пишувале Наџари и уште четворица други логораши од групата „Sonderkommando“ која била задолжена за пренесување лешови од гасните комори во крематориумите.
Припадниците на групите имале задача на починатите да им ги вадат забите, да ги бричат нивните глави и да ја посипуваат нивната пепел во реките.
Писмото на Наџар, кое е пронајдено во 1980 година, пишувано е на неговиот мајчин јазик – грчки.
Писмото било нечитливо, се додека не е подложено на мултиспектрална анализа во рамки на проектот кој траел една година. Во таа прилика реставрирани се 90 отсто од ракописот.
„Носевме тела на недолжни жени и деца, кои беа фрлани во големи печки. Би помислиле „Како си можел тоа да го направиш?“. Многупати сум помислувал на тоа да се фрлам и јас во огнот и конечно се да заврши. Но, не можев да ја заборавам одмаздата. Живеев за неа. Сакав да се одмаздам за смртта на моите родители и мојата сакана сестра Мели“, се наведува во писмото.
Иако не успеал да се одмазди, Наџари преживеал. Умрел во Њујорк 1971 година.