Решена мистеријата како оваа фотографија се најде на Месечината

од desk2
137 прегледи

Астронаутот Чарлс Дјук на 20 април 1972 година прв пат зачекорил на Месечинта во рамки на мисијата Аполо 16. Во тоа време, имал 36 години и бил најмлад човек кој шетал по површината на Месечината.

Тој тогаш со себе понел семејна фотографија која и денес лежи на Месечината. На неа Дјук напишал:

„Ова е семејството на астронаутот Чарлс Дјук од планетата Земја кој се спуштил на Месечината 20 април 1972 година.“

На фотографијата се наоѓа семејството на Чарлс Дјук.

– Од секогаш сум сакал да оставам фотографија на Месечината, рекол тој за „Бизнис инсајдер“.

Поминаа повеќе од 43 години откако Дјук чекорел на Месечината и иако неговите стапки веројатно и натаму постојат на површината на природниот сателит, фотографијата веројатно не е во добра состојба.

– Температурата на Месечината во текот на денот расте до 200 степени Целзиусови, а ноќта паѓа на апсолутна нула, рекол Дјук и додал:

– Фолијата на фотографијата сигурно не се однесува добро на такви температури. Изгледаше нормално кога ја оставив, но претпоставувам дека досега целосно избледела, рекол тој.